Викендов започнува пролетниот дел од првенството во 2МФЛ-Исток

Викендов започнуваа 15-тото коло  во  Втората Македонска фудбалска лига- Исток, по паузата од есенекиот дел од шампионатот.

На стадионот „Никола Мантов“ в сабота со почеток од 14:00 ч. „Осогово“ ја дочекува екипата на есенскиот шампион „Беласица“ . Струмичани важат за фаворити на мечот, а ова ќе биде шанса за  изменетиот состав на „Осогово“, со добра игра да се покаже пред домашната публика и да докаже дека има квалитет за опстанок во лигата.

Дербито на колото е резервирано за „Брегалница“ која во Штип ја пречекува екипата на „Кит-Го“ Пехчево.

Распоредот за останатите натпревари е следен:

„Осогово“ – „Беласица“

„Брегалница“ – „Кит Го“

„Питу Гули“ – „Победа“

„Плачковица“ – „Кожуф“

„Тиквеш“ – „Каменица Саса“

И.Матеничарски

Сподели: