Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“од Оризари (играорни групи Оризари и Зрновци) викендов ќе одражи Новогодишни концерти.
– на 24-ти декември (сабота) концерт со играорната група во Зрновци со почеток во 18 часот во Домот на културата во Зрновци; и
– на 25-ти декември (недела) по 21-ви пат традиционален концерт со почеток во 17 часот во Домот на културата во Оризари.
Во 2022 година Ансамблот имаше учество на 24-ри фестивали и манифестации во Македонија (Оризари, Кочани, Зрновци, Виница, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево, Кратови, Радовиш, Василево, Охрид, Велес и други) со 59 настапи успешно презентирајќи го изворниот фолклор од Осоговијата.
Ансамблот имаше учество на 7 Меѓународни фолклорни фестивали во странство (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Бугарија). На фестивалите во странство имаше 16 настапи. На V-от МФФ „Џивџан Фест“ одржан во Врњачка Бања, Србија со учество на повеќе од 1600 фолклористи, Ансамблот доби награда за најдобра изворна кореографија за орото „Крстачка“. Исто така на XIII-от МФФ „Босилеградско Краиште Пева и Игра“ одржан во Босилеград, Србија, Ансамблот доби диплома за најубава изворна машка и женска носија.
Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, по повод верскиот празник Ѓурѓовден, оваа година од 5-ти до 8-ми мај го одржи IХ–от Меѓународен Фолклорен Фестивал „ТРАДИЦИОНАЛНИ ЃУРЃОВДЕНСКИ ОБИЧАИ, ПЕСНИ И ОРА“ ОРИЗАРИ, со фолклорни концерти во с. Видовиште, Зрновци, Оризари и во Зрновци и со над 700-ни учесници од Македонија и од странство (Црна Гора и Србија).
Ансамблот во моментов брои над 180 членови. Во рамките на ансамблот има оркестар на изворни народни инструменти.
Ансамблот активно соработуваше со локалната самоуправа на општина Кочани и општина Зрновци и беше дел од сите манифестации оргнизирани од нив; соработката ќе продолжи и во 2023 година.
Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари им ги честита Новогодишните и Божичните празници на сите жители на Македонија, со желби за добро здравје, среќа и берикет на сите, и ги поканува сите љубители на фолклорот да бидат дел од 2-та Новогодишни концерти.
Ансамблот и во 2023 година има предвидено богата програма со учество на фестивали и манифестации во Македонија и странство.
ФА „Љупчо Сантов“ – Оризари

