Викендов почнува летното сметање на времето.
Ноќта меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, што значи дека наместо два ќе биде три часот.
Часовниците се поместуваат двапати годишно, на последниот викенд од март и октомври.
Во март стрелките се движат еден час напред, а во октомври се враќа часовникот еден час наназад.