Викендов ќе се вози „Пониква 2021“

Викендов (8 и 9 мај) на патеката кон Пониква ќе се возат ридско-брзинските трки во рамки на Државниот шампионат во автомобилизам на Македонија.

На отворањето на овогодинешнава сезона во ридски-брзински автомобилизам најавено е учество на триесетина натпреварувачи од Македонија, но и од Полска и Косово распоредени во шест натпреварувачки класи.

За в сабота (08 мај) планрани се две тренинг возења кога натпреварувачите ќе ја запознаат патеката, додека официјалниот дел е закажан за в недела (09- мај) и тоа, првата трка од 12:00ч, а второто возење од  14:00ч.

Стартот е планиран да биде од Градската депонија, на патека долга 5,91 километар, со крајна цел кај месноста „Пашаџиково“.

На ридско-брзинската трка на патеката „Пониква“ учество ќе земе и Дејан Манасиев  од Кочани, кој ќе се натпреварува во класата Е1 до 2000 кубни сантиметри.

Трката е во организација на АКК„Перформанс“-Скопје, со поддршка на Автомобилистичката федерација на Македонија.

Трката на Пониква  има меѓународен карактер и се бодува за Државното првенство на Македонија во автомобилизам на ридски патеки и ФИА Централна европска зона.

И. Матеничарски

Сподели: