Викендов ќе се вози ридско-брзинската трка на Пониква

Кочани викендов (05 и 06 септември) ќе биде домаќин на ридско-брзинската трка на патеката „Пониква“, како дел од треттото возење од Државниот шампионат во автомобилизам.

На натпреварувањето ќе учествуваат околу 30 автомобилисти од  Македонија, како и гости од Р.Косово кои ќе се борат за повисок пласман во Централно Европската зона.

За в сабота (05-ти септември) планрани се две тренинг возења кога натпреварувачите ќе ја запознаат патеката, додека официјалниот дел е закажан за в недела (06-ти септември) и тоа, првата трка од 12:00ч, а второто возење од  14:00ч.

Стартот е планиран да биде од Градската депонија, на патека долга 7,91 километар, со крајна цел кај месноста „Пашаџиково“.

На ридско-брзинската трка на патеката „Пониква“ учество ќе земе и Дејан Манасиев  од Кочани, кој со своето Renault Clio  ќе се натпреварува во категоријата Е1 до 2000 кубни сантиметри.

Пријавувањето на натпреварувачите е до вторник 01-ви септември кога и официјално ќе се знае конечниот број на учесници.

Трката е во организација на АКК„Перформанс“-Скопје, со поддршка на Автомобилистичката федерација на Македонија.

И.Матеничарски

Сподели: