Младите и талентирани музичарки, гитарстката Викторија Симеонова и вокалот Драгица Минова од Кочани, се победници на онлајн натпреварот „Ново име“, што во целост го реализираат компаниите „ХТЛ Македонија“ и брендовите-членки на групацијата „Новоматик“.
Тие се претставија со песната I will survive од Gloria Gaynor и на онлајн гласањето освоија повеќе од 4000 гласа, со што заслужено победија на натпреварот „Ново име“ Македонија за месец јули.
-Конкуренцијата навистина беше голема, учествуваме осум кандидати кој беа од областа на фотографирање, цртање, поезија и музика. Како што кажал Виктор Иго: “Музиката изразува се она што неможе да се изрази со зборови, а не смее да остане не кажано” , така ние Daci & Viki успеавме да допреме до срцето на сите. Заедно успеавме да собереме над 4000 гласови и да станеме новото име на Македонија за месец Јули. Голема благодарност до ново име.мк кои ни овозможија да го покажеме она што го знаеме и умееме. Наградата што ке ја добиеме ке ја вложиме во целосна музичка опрема која што ќе ни биде потребна за во иднина. Ние Daci & Viki сме тимот што ќе продолжиме со цврсти чекори кон нашата цел.- изјави Викторија Симеонова победник на натпреварот „Ново име“ Македонија за месец јули.
„Ново име“ е нов проект со желба да ги поддржат и да ги охрабрат младите од Македонија да го претстават својот талент и да добијат поддршка за негово унапредување.
Победничката изведаба можете да ја слушнете на следниот линк:
И.Матеничарски