Виничката гимназија доби опрема во вредност од 52 илјади евра

Гимназијата „Ванчо Прке“ од Виница деновиве доби нова опрема во вредност од 3,2 милиони денари.

Градоначалникот на Општина Виница Ивица Димитров, денес ја посети  виничката гимназија, каде заедно со директорот на училиштетото Тихомир Тасев, направија увид во активностите  што се спроведуваат.

Набавени се нови 40 врати, 300 единечни и 100 дупли клупи, 300 столови  за сите училници, нови шкафови, ЛЦД  проектори, компјутери и лаптопи  како и печатачи, електронски табли и бели табли за пишување. Се очекува истите целосно да бидат ставени во функција со  почетокот на второто полугодие. 

Со инвестицијата се подобрува квалитетот на наставата во училиштето, а истата е една  од поголемите инвенстиции во училиштето во изминатиов  период.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial