Вчера пристигна првата пратка помош за најзагрозените ромски фамилии од НВО Отворено општество.
Помошта ќе ја распределуваат волонтери на Црвен крст Виница во соработка со НВО КХАМ .
“Доанцијата е 125 пакети храна и 125 пакети хигиенски средства, кои ќе бидат распределени за најранливите категории од ромското население. Во меѓувреме очекуваме помош и за другите социјално ранливи категории население во нашата општина. Имаме формирано 4 тимови од по тројца волонтери, кои ја покриват општината со храна за самоизолирани и изолирани и за стари лица над 65 години“, рече Кирил Цоневски, секретар на ОО-ја на Црвен Крст Виница.
Телефонскиот број 033/360-305 на Црвен крст, стои на располагање на сите оние оние над 65 г. кои можат да ги порачат артиклите со наплата од нивна страна, како и за лицата кои се во самоизолација и изолација“
Покрај набавка на намирници, Црвен крст Виница има отворено и телефони за психолошко-социјална подршка за справување со Ковид 19 кои се на располагање по 4 часа секој ден.