Повеќе од три часа дел од високата и средна зона во градот остана без вода поради дефект на главна цевка на спојот на улиците „Тошо Арсов“ и „Љупчо Сантов“.
Како што информираат од КЈП „Водовод“ – Кочани екипи веќе го санирале дефектот и се очекува нормализирање на водоснабдувањето.
Се молат граѓаните од повисоките зони да имаат трпение, бидејки по отстранување на дефектот притисокот на вода е слаб и се очекува негово нормализирање.
И. Матеничарски