На 12 декември 2024 година, во просториите на СУГС „Димитар Влахов“ во Скопје, а во организација на Здружението на наставници хемичари и технолози од училишта со хемиско-технолошката струка – “Дијаграм”, се одржа државниот натпревар за средни стручни училишта од хемиско – технолошката струка.
Свое учество на истиот имаше и СОУ “Љупчо Сантов” – Кочани во сите четири индивидуални категории (Тест, Презентација, Експеримент и Изработка на готов производ), како и во екипната конкуренција.
Учениците од СОУ „Љупчо Сантов“, менторирани од своите предметни наставници, успешно ги демонстрираа своите знаења и практични вештини во областа на хемијата и технологијата, при што ги постигнаа следниве значајни резултати:
Индивидуални резултати:
1. Категорија: Тест
Ученичка: Надалина Грозданова, IV-7 паралелка
Ментор: Ирена Димитрова Јорданова
Освоено место: 1 место
2. Категорија: Експеримент
Ученичка: Иљајда Мемедова, III-8 паралелка
Ментор: Борче Алексов
Освоено место: 2 место
3. Категорија: Презентација
Ученик: Филип Петров, II-8 паралелка
Ментор: Борче Алексов
Освоено место: 3 место
4. Категорија: Изработка на готов производ
Ученичка: Јасна Златкова, III-8 паралелка
Ментор: Борче Алексов
Освоено признание: Благодарница
Екипен резултат:
СОУ “Љупчо Сантов” во екипната конкуренција – 2 место.
Овие успеси се резултат на континуираниот труд и посветеност на учениците и нивните ментори, кои заеднички придонесуваат за унапредување на образовниот процес и развојот на практичните вештини во областа на хемиско-технолошката струка.
СОУ „Љупчо Сантов“ продолжува да ја одржува традицијата на одлични резултати и активно учество во вакви значајни натпревари.
СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани