Министерството за здравство информира дека уште четири пациенти од Кочани се излекувани од коронавирусот, со што вкупната бројка на оздравени се искачи на 15 лица.
Во Македонија, изминатото деноноќие се регистрирани 53 излечени пациенти од коронавирус.
– Скопје 25
– Куманово 13
– Прилеп 5
– Струга 1
– Битола 4
– Охрид 1
– Кочани 4
Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 1399 пациенти.
Починаа 4 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.
Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.
Вкупната бројка на заболени од коронавирус на подрачјето на Центарот за јавно здравје-Кочани е 28 лица, од кои 15 излечени, 12 активни случаи и едно починато лице.