Владата одобри шест милиони денари за капитални инвестиции во Зрновци

Во  Владата на Републиа Македонија, градоначалникот на Општина Зрновци Борчо Коцев го потпиша договорот од првата транша финансиски средства во вкупен износ од 250 милиони евра наменети за капитални проекти во општините.

Владата одобри 6 милиони денари средства за капитални инвестиции во Општина Зрновци за реконструкција на главен доводен цевковод од водоснабдителниот систем на општината како и изградба на локалниот пат од село Мородвис до гробиштата.

– Во Владата на Република Македонија ги потпишавме договорите со владините министерства и општините кои учествуваа на јавниот повик, а кои ги исполнија условите и добија средства од проектот во вкупна вредност од 250 милиони евра.Овие пари, ќе бидат наменети за капитални инвестиции што ќе значи вистинска преродба на локалните самоуправи и обезбедување поквалитетен живот за граѓаните, истакна градоначалникот Коцев

Сподели: