ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска-Давкова со двојна победа во Кочани на првиот круг од претседателските избори

Според резултатите од интернет-апликацијата на Државната изборна комисија, во Кочани победник во првиот круг од претседателските избори е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова.

Според податоците за Гордана Силјановска-Давкова гласале 8059 гласачи или 52,59 отсто додека за Стево Пендаровски 3.884 гласачи или 25,35 отсто од избирачите, што претставува двојна предност од 4.175 гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот Силјановска-Давкова.

Веднаш зад Пендаровски е кандидатот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски со 2060 гласа (13,44%), а по него следат Билјана Ванковска Цветковска од Левица со 656 гласа (4,28%), Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 80 гласа (0,52%), Бујар Османи од ДУИ со 32 гласа (0,21%) и последен е Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ со 15 гласа (0,10%).

Според ДИК, на првиот круг од Претседателските избори во Кочани вкупно гласале 15.323 гласачи или 47,27 отсто од запишаните избирачи, а има и 537 неважечки ливчиња.

И.Матеничарски

Сподели: