ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ прогласија победа на Љупчо Папазов во Кочани.
Прославата на ВМРО-ДПМНЕ започна од изборниот штаб, за потоа со автомобили со државни и партиски обележја членовите и симпатизерите се упатија во Трговскиот центар.
-Сега од центарот на Кочани може да прогласиме победа во Кочани и цела Македонија. Сега сите да прославиме а од утре се фаќаме за работа. Благодарност до сите граѓани, и тие што гласаа и тие што не ме гласаа. Не очекува тешка работа и период во кој ќе дадеме се од себе, истакна во изјава за медиумите од прославата во Трговскиот центар, Љупчо Папазов.