ВМФЛ – Исток: Бледа игра и разочарувачко реми на „Осогово“

Дефанзивната тактика на стратегот на ГФК „Осогово“ им се одби од глава на фудбалерите на „Осогово“ и наместо очекуваната победа над последно пласираната екипа на „Плачковица“, денеска на стадионот „Никола Мантов“ се одигра нерешен дуел (1-1).

Борбена игра, но без вистински напад, неколку бледи шанси и желба за гол е резимето за денешниот натпревар на „Осогово“ во рамки на 9-тото коло во Втората Македонска фудбалска лига – Исток.

„Жолто-сините“ добро го отворија натпреварот и поведоа први  со голот на Драган Паунов, кој по пробив по десната страна во 10’ шутираше  и постигна пречка-гол  за водство на „Осогово“.

По водството „Осогово“ ја предаде играта на гостите, а фудбалерите на „Плачковица“ преку одлично организирана акција пред крајот на првото полувреме преку Мартин Ристов во 40’  израмнија за 1-1, резултат кој беше актуелен до самиот крај на натпреварот.

Во второто полувреме силите на теренот беа израмнети, со повремени напади и на домаќините и на гостите, но без вистинска иницијатива и шанса за гол.

За забележување се и двете гол шанси на тимот на „Плачковица“ кога по грешка на голманот на „Осогово“ Велковски , противничкиот играч со шут со глава на празен гол ја погоди пречката, како и зицер шансата кога пак чуварот на мрежата на „Осогово“ спаси чист гол за гостите.

„Осогово“ може само да жали за пропуштената шансата за победа над последно пласираната екипа на „Плачковица“, победа која ќе беше од огромно значење за пласманот и текот на првенството за „жолото-сините“.  Сега силите треба да се насочат кон следното коло, кога „Осогово“ на домашен терен ја пречекува екипата на „Кожув“ Гевгелија.

На останатите средби од 9-тото коло во Втората Македонска фудбалска лига-Исток беа постигнати следниве резултати:

ТАБЕЛА:

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial