Се одиграа натпреварите од 20-тото коло од Втората Македонска фудбалска лига – Исток.
ГФК „Осогово“ ремизираше со резултат од 1-1 на стадионот „Никола Мантов“ против тимот на „Пехчево“ од Пехчево.
Првото полувреме од натпреварот помина без посериозни шанси и изедначена игра. Натпреварот го отвори Бошко Ступиќ во второто полувреме, кога во 65’ минута од пенал стрелаше за водство на пехчевци од 0-1. Изедначувањето стигна десет минути подоцна, во 75’ минута кога за конечни 1-1 за „Осогово“ стрелаше Тоше Манов.
Во следното коло „Осогово“ гостува на тимот на „Каменица Саса“.
На останатите средби беа постигнати следниве резултати:
Табела: