ВМФЛ-Исток: „Осогово’’ домаќин на екипата на „Кожуф“ Гевгелија

В сабота (31.10.2020) на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, „Осогово“ го игра вториот од низата на три натпревари на домашен терен, во рамки на  10-тото коло од Втората Македонска фудбалска лига- Исток.

Фудбалерите на „Осогово“ ќе бидат домаќини на екипата на „Кожуф“ Гевгелија, натпревар за поправен испит, по разочарувачкото реми од минатото коло против последнопласираната екипа на „Плачковица“.

По деветте одиграни кола „Осогово“ се наоѓа на 5-тото место на табелата со 9 освоени бодови, или 3 повеќе од последнопласираната „Плачковица“. Ова ќе биде дополнителен притисок за фудбалерите , периодот што следи, да го дадат својот максимум на натпреварите за мирна завршница на есенскиот дел од шампионатот во средината на декември.

На останатите средби ќе се сретнат:

Натпреварите се со почеток од 14:30ч.

И. Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial