ВМФЛ – Исток: „Осогово“ немоќен против „Каменица Саса“

Лошите временски услови одложија голем дел од денешните второлигашки натпревари. Во конкуренција во ВМФЛ-Исток се одиграа само два натпревари.

„Саса“ од Македонска Каменица успеа да победи на гостувањето кај „Осогово“ (0-2), во натпреварот кој се одигра под тешки временски услови. Гостинските фудбалери поведоа рано и потоа со цврста и организирана одбрана стигнаа до големи три бода, кои ги зачинија со погодок во завршницата.

Сашо Дуков беше стрелец на единствениот погодок на овој дуел уште во седмата минута. Домаќинот доби помош кога Андреј Ричков заработи црвен картон на почетокот од второто полувреме.

„Осогово“ тргна во целосна офанзива, но тешкиот терен за игра им ја отежна работата на домаќиние. Една акција заврши со погодок, но судијата Јосип Бартон поради офсајд на Истатов истиот го поништи. До крајот „Осогово“ имаше јалова иницијатива која не успеа да ја круниса за да избегне нов домашен пораз.

Никакви дилеми немаше кога Виктор Марковски погоди длабоко во надополнувањето, користејќи уште една шанса за потврда на победата на „Саса“.

Во следното коло „Осогово“ гостува кај екипата на „Кожуф“ – Гевгелија.

Табела:

Сподели: