ВМФЛ – Исток: „Осогово“ – „Победа“ – деби натпревар за тренерот Трајче Сенев

Влегува во финиш есенскиот дел од првенството во Втората Македонска фудбалска лига – Исток.

До крајот на првиот дел од натпреварувањето останува  да се одиграат уште две кола.

Во рамки на 15-тото коло, утре (сабота) на стадионот „Никола Мантов“, ГФК „Осогово“  е пред нов предизвик, на  домашен терен ја пречекува екипата на „Победа“ од Прилеп со која делат исто бодовно салдо.

По поразот од „Слога“ во минатото коло и оставката на тренерот Кирчо Горигев, фудбалерите на „Осогово“ и новоименуваниот тренер Трајче Сенев се пред меч за докажување и задржување на што поповолна позиција на табелата пред крајот на есенскиот дел од шампионатот.

Натпреварот во Кочани е закажан за во 13:00 ч.

На останатите средби ќе се сретнат:

Табела:

Сподели: