ВМФЛ – Исток: „Осогово“ поразен од „Тиквеш“

Се одиграа натпреварите од 12-тото коло во Втората Македонска фудбалска лига – Исток.

ГФК „Осогово“ забележа пораз од 3-1 од второпласираната екипа на „Тиквеш“ од Кавадарци.

Јорданчо Наумоски беше стрелец на погодокот за предност на „Тиквеш“, откако во 26. минута го пронајде патот до мрежата. Сепак, радоста кратко траеше бидејќи Тоше Манов го врати „Осогово“ во игра по само три минути. Домаќинот притискаше и се обидуваше, а иницијативата вроди со плод во 71. минута. Ристе Темелков беше стрелец на вториот гол за „Тиквеш“, а во самиот финиш стрелаше и Александар Мишов за конечен резултат од 3:1 за кавадарчани.

Во следното вонредно коло, „Осогово“ на домашен терен ја пречекува екипата на штипска „Брегалница“.

На останатите средби беа постигнати следниве резултати:

РЕЗУЛТАТИ -12. КОЛО

КИТ ГО – РОСОМАН 3:0

ПОБЕДА – КАМЕНИЦА САСА 2:2

СЛОГА (В) – ПЛАЧКОВИЦА 3:0

БРЕГАЛНИЦА – КОЖУФ 3:0

ТИКВЕШ – ОСОГОВО 3.1

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial