Се одиграа натпреварите од 18-тото коло од Втората Македонска фудбалска лига – Исток.
Фудбалерите на ГФК „Осогово“ извојуваа значајна победа на гостувањето во Радовиш против екипата на „Плачковица“ со резултат 0-1 (0-0).
На стадинот во Радовиш се играше релативно израмнет натпревар со понеколку шанси на двата гола.
Победничкиот погодок за „Осогово“ го постигна Александар Поповски кој во 72’ стрелаше за победа од 0-1.
По оставката на шефот на стручниот штаб Трајче Сенев, на дуелот во Радовиш, тимот на „Осогово“ го предводеше Александар Андов.
Натпреварот во Радовиш го одбележа и истакнувањето на транспарент од страна на фудбалерите на „Плачковица“ на почетокот на дуелот, на кој беше напишано „Кажи да за реформи во ФФМ“.
Во следното коло „Осогово“ на домашен терен го пречекува тимот на „Росоман“ .
На останатите средби беа постигнати следниве резултати:
Табела: