Попладневно се одиграа натпреварите од 8-то коло во Втората Македонска фудбалска лига – Исток. На шесте одиграни средби постигнати се само десет гола и тоа седум на натпреварите на двата ко-лидери „Брегалница“ и „Тиквеш“.
Дуелот во Македонска Каменица помеѓу екипите ГФК„Осогово“ и „Каменица Саса“ заврши без голови (0:0), со што „Осогово“ се врати во Кочани со значаен бод на своето салдо.
Нерешен натпревар одиграа и фудбалерите на „Кит-Го“ и виничка „Слога“. Пехчевци сo голот на Оливер Христов поведоа против „Слога“, но Бујчевски со гол во 76’ израмни за конечен резултат од 1:1.
Со нерешен резултат заврши и дуелот во Радовиш, помеѓу екипите на „Плачковица“ и „Кожув“ (1-1).
Борбата за прво место продолжува со мртва трка и по осмото коло, откако од гостувањата со победи се вратија и „Брегалница“ и „Тиквеш“.
Штипска „Брегалница“ се соочи со непредвидени проблеми во Прилеп против „Победа“, но успеа да триумфира со резултат од 1-2.
„Тиквеш“ пак без многу проблеми извојува победа на гостувањето кај новиот второлигаш Росоман (0-4).
Резултати:
Табела:
1. ТИКВЕШ 20
2. БРЕГАЛНИЦА 20
3. КОЖУФ 13
4. КИТ ГО 9
5. СЛОГА В 9
6. ПОБЕДА 8
7. САСА 8
8. ОСОГОВО 8
9. РОСОМАН 7
10. ПЛАЧКОВИЦА 5