Се одиграа натпреварите од 22-то коло од Втората Македонска фудбалска лига – Исток.
Фудбалерите на ГФК „Осогово“ забележаа пораз од екипата на „Кит-Го“ Пехчево (0-1), на дуелот што се одигра попладнево на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.
Поразот на „жолто-сините“ стигна во самиот финиш на натпреварот, кога во 82′ Димковски од „Кит-Го“ стрелаше за конечен резултат од 0-1 за пехчевци.
И покрај поразот „Осогово“ останува на петтата позиција на табелата во Втората Македонска лига – Исток.
Во следното коло „Осогово“ го очекува тешко гостување против второпласираната екипа на „Тиквеш“ од Кавадарци.
На останатите средби беа постигнати следниве резултати:
Табела: