ВМФЛ – Исток: Регионалното дерби за „Слога 1934“

Се одиграа натпреварите од 25-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток.

На регионалното дерби што се одигра во Виница домашната „Слога 1934“ со пресврт го совладаа „Осогово“ (4-1).

„Жолто-сините“ први го отворија резултатот во 6’ а стрелец на погодокот беше Паунов, но само за две минути домаќините го свртеа резултатот во своја полза. Најпрвин во 28’ Митров израмни а две минути подоцна Стојов ја затресе мрежата на кочанчани.

Во второто полувреме уште два гола во мрежата на „жолто-сините“ од Кочани. Најпрвин во 71’ Хасан си постигна автогол за да конечните 4:1 за „Слога 1934“ ги постави Стојов во 77’.

Во следното коло „Осогово“ на домашен терен ја пречекува екипата на „Победа“ – Прилеп.

На останатите средби беа постигнати следниве резултати:

„Каменица Саса“ – „Плачковица“  1:2

„Победа“ – „Росоман“  3:1

„Брегалница“ – „Кожуф“  3:0

„Тиквеш“ – „Кит Го“  3:1

Табела:

Сподели: