Вода, ископи и кал насекаде – реагираат жители на улицата „50-та Македонска дивизија“ во Кочани

Граѓани до интернет-порталот „Гласно“ испратија реакција за рубриката „Гласно репортер“ при што реагираа на оштетување на улицата „50-та Македонска дивизија“ настанато од ископи на КЈП „Водовод“.

– Улицата е раскопана на три места во должина од само 20-тина метри. Од ископите кои се направени од КЈП „Водовод“ заради санација на дефект се уште се излева вода. Невозможно е безбедно минување низ улицата со автомобили и пешки. Вода тече на сите страни, ископите се длабоки и необележани. Дефектот не е саниран, а улицата е оставена во катастрофална состојба, стои во реакцијата.

Жителите на улицата побараа КЈП „Водовод“ да го санира дефектот и да ја врати улицата во првобитна состојба.

Сподели: