Во пресрет на христијанскиот празник Богојавление (Водици) , од храмот „ Св. Вмч Георгиј“ Кочани ги известуваат сите верници дека тече рокот за пријавување на лица кои сакаат да скокаат по светиот крст.
Заинтересираните верници можат да се пријават во просториите на храмот, а како услови за учество, потребно е да бидат полнолетни жители на градот Кочани, крстени во православната вера и да ја знаат молитвата Оче наш.
Чинот на потопување на светиот крст и осветување на водите во Кочанска река ќе се оддржи в недела, на мостот во Градскиот парк во Кочани, а ќе го изврши Митрополитот Брегалнички г.Иларион. За точното време на потопување на крстот од храмот ќе информираат во текот на неделава.
Претходно во кочанската црква „Св. Вмч Георгиј“ ќе се отслужи Света Божествена литургија од страна на свештенослужителите на храмот.
И.Матеничарски