Поради зголемената потреба од кастрење на гранки во овој период од годината, одделението „Градско зеленило“ при КЈП „Водовод“ – Кочани со своите вработени изврши кастрење на гранки на повеќегодишни дрвја на повеќе локации во градот, се со цел продолжување на животниот век на истите.

Деновите во функција на употреба е ставена нова машина Мулчер – Дробалка за гранки која е обезбедена како донација од страна на Швајцарската амбасада за потребите на Прочестителната станица во с. Мојанци, која функционира во рамките на КЈП „Водовод“ – Кочани.
Со ваквиот начин на работење се обезбедува поголема количина на субстрат за производство на органско ѓубриво во рамките на Прочистителната станица, како и намалување на органскиот материјал во градот со што се придонесува кон зачувување на животната средина.
