„Водовод“ ги миеше улиците во населените места во Кочани

Екипи на КЈП „Водовод“ Кочани денеска ги миеја улиците во селата Тракање, Бели, Горни и Долни Подлог , Мојанци и Прибачево,  како дел од активностите за дезинфекција на улици и јавни површини во градот и населените места.

Активностите се спроведуваат етапно, а за  утре планирано е да се дезинфицира во Оризари и центарот на градот.  

Од  „Водовод“ апелираат до населението да се однесува совесно и да ја одржува јавната хигиена,  почитувајки ги мерките и  препораките за заштита од болеста КОВИД-19.

Воедно во наслебата „ Прокарка“ се работи на изградба на водоводна, отпадна и атмосферска канализација, а  се уредува и коритото на Кочанска река. Паралелно со ова од Секторот за комунална хигиена при КЈП „Водовод“ работат на чистење на дивите депонии кај Фабриката за вода , во наслебата Трајаново трло и во околината на Градската депонија.

Овие превентивни мерки се преземаат како начин за заштита на населението од заразната болест.

И.Матеничарски

Сподели: