КЈП “Водовод” Кочани во соработка со ЈП Национални шуми на преходно проектирано и определено место кое е изработено при реконструкцијата на Градскиот трговски центар со длабочина од 1.3 метри во специјално направена шахта само за таа намена поставија зимзелена елка.



Идејата и реализацијата за украсување и аранжирање на елката и просторот околу неа беше целосно препуштена на учениците од основните и средните училишта во Кочани.
КЈП “Водовод” Кочани упатува огромна благодарност до учениците и нивните ментори од СОУ “Љупчо Сантов“-Кочани, ОУ „Св.Кирил и Методиј“, ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – Оризари, ООУ,,Раде Кратовче ” Кочани и ОOУ„ Никола Карев “ – Кочани кои несебично се вложија во изработка на сите елементи кои се поставени како аранжман на елката.
КЈП “Водовод” Кочани упатува благодарност до општествено одговорни компании кои донираа материјали за учениците за изработка на елементите за декорација на елката и просторот околу неа.
КЈП “Водовод” Кочани упатува апел до граѓаните за одговорно однесување со елементите кои се поставени како аранжман на елката !!!
КЈП “Водовод” Кочани

