Возач на мопед излетал од патот кон брана Гратче

МВР информира дека синоќа во 22.43 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на локалниот пат Кочани – брана Гратче, мопед управуван од В.А.(57) од Кочани, излетал надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Сподели: