Возач удрил во пешак и побегнал, незгодата пријавена по една недела

31-годишен жител на Кочани на 21 јуни со автомобил удрил во пешак на крстосницата од ул. „Страшо Ербапче“ и „Роза Петрова“ во Кочани, побегнал од местото на негодата, при што на пешакот му нанел тешки телесни повреди, кои оштетената ги пријавила дури по повеќе од една недела, на 29 јуни кога се јавила на лекарски преглед во болницата во Кочани.

Како што информираат од СВР – Штип „На 29.06.2021 во 16.00 часот од Јавната здравствена установа – Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека на 21.06.2021 околу 19.30 часот, на крстосница од ул.„Страшо Ербапче“ и ул.„Роза Петрова“, патничко возило „рено“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(31) од Кочани удрило во пешакот Д.И.(51) од Кочани и го напуштило местото на незгодата. Во незгодата Д.И. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар на 29.06.2021, кога таа се јавила на лекарски преглед. Извршен бил увид на местото на незгодата од Полициската станица Кочани“, стои во соопштението од полицијата.

Извор: Дневен билтен на СВР – Штип

Сподели: