Воздухот во Кочани вечерва екстремно загаден

Тритте мерни станици што го мерат квалитетот на воздухот во Кочани денеска покажуваат ектремна загаденост на воздухот во градот.

Загадувањето освен преку мерните станици е видливо и со око за што граѓани  на социјалните мрежи веќе реагираат дека имаат проблеми со дишењето и дишните патишта.

Според достапните мерења од мерната станица кај ООУ „Св. Кирил и Методиј“ присуството на ПМ10 честички во воздухот е 125 микрограми на м3, на мерната станица АСНОМ, 111 и 102 микрограми на м3 на улицата „Скопска“ кај Текишински лозја. Апликацијата „AirCare“, регистрира екстремно ниво на загаденост на воздухот од виолетово ниво повеќекратно од поставената граница.

Препораката на апликацијата е да се затвораат прозорците, избегнување активности на отворено и  носење на маска.

Според достапната статистика забележително е дека нивото на загаден воздух претходните денови е на ниско ниво, односно зелено ниво, за разлика од денес кога загадувањето на воздхот во Кочани од непознати причини е високо.

Граѓаните со право прашуваат што го предизвика загадувањето на воздухот вечерва во Кочани.

И.Матеничарски

Сподели: