Воз удри во автомобил на преминот кај Горни Подлог

Патничкиот воз што сообраќа на релација Скопје -Кочани вечерва околу 19:00 ч. удри во патничко моторно возило на патно-пружниот премин кај селото Горни Подлог.

Полициски екипи вршат увид на местото на настанот и според информациите од терен, освен материјална штета на возилото, нема повредени лица.

Сообраќајот на патниот правец кон селото Горни Подлог е во прекин.

Ова е втора незгода за краток период на железничкиот премин кај Г. Подлог.

Пред четири дена патничкиот воз за Кочани излета од шините кај Овче Поле, но за среќа немаше повредени.

И. Матеничарски

Фото: Архива


Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial