Вонредна колумна


„Сто пати повторена лага станува вистина“. Да се препознае лажна вест е исклучително тешко. Се можете да сретнете на интернет. Проверувајте ги информациите од повеќе различни извори. Нема друго решение. Не верувајте во се што ќе прочитате, но и добро следете ги препораките од медицинските лице. Треба исклучителна внимателност со пласирањето на информации во овие моменти.
Човек на човека е волк. И не нема да ви солам памет да излегувате надвор иако деновиве според некои мои ставови, моите мислења беа сосема извртувани во тој правец. Но одете на места каде што нема луѓе, во двор, на тераса. Сепак дали ќе се групираат млади преку ден или преку ноќ е исто. И во двата случаи не е во ред.

Сеуште во продавница не се почитуваат препораките на надлежните и вработените. Во фабрики со над 500 вработени стојат со дигитални топломери и глумат доктори мислејќи дека така ќе го спасат профитот од Корона? Драги мои Корона на работа не се чува во фрижидер. Ако ја има ја има.

И не, не гледам негативно на работите. Дел од предлозите и преземените мерки се сосема во ред. Излегување на старите лица од 6 до 9 часот и организирање кој кога да излегува по некаков распоред и има смисла. Ограничувањето во отворен простор без групирање секогаш ќе сметам дека не е во ред. Ама тоа не значи собирање на познати локации, парк, кале, Водно каде што како договорени одат сите.

Преземањето голем дел од мерките како земја не предоцна не е за занемарување. Можеме да ги осудуваме до утре сите, но ако сметаме дека знаеме подобро со овие оскудни ресурси знам дека ќе добиеме шанса.
Луѓето во дијаспората не треба да се камшикуваат. Ете можеби по некоја случајност се нашле тука, не не можеби и не е случајност. Не знаеме кој каде и кога може да заврши, но како и секогаш треба да бидеме искрени и во овие моменти најмалку да ги загрозуваме другите. Ширењето омраза и колнењето нема да не заштити од зло.

Луѓето што се надвор на привремен престој а од било какви причини мораат да се вратат, недолично е да ги осудуваме затоа што на нивно место би можеле да бидеме ние или наш близок. Луѓето што живеат надвор од Македонија и веќе обезбедиле загарантиран престој и самите треба да се свесни каков ризик преземаат. Кога веќе владата налага за карантин нека се обезбедат услови за тоа. И во ред ќе мора да се почитува. И да можеме да бидеме подобри луѓе треба само да посакаме. Денес можеме да бидеме попаметни од вчера.

Николина Атанасова – медиумски едукатор

Сподели: