Во „Бели мугри“ изложба во чест на празникот 8-ми Март

Во салонот Фоаје 1 на Центарот за култура „Бели мугри“ денес беше отворена изложбата „Подари цртеж-цвеќе“,  во чест на празникот на жената 8-ми Март. Изложените дела се насликани од учениците од училиштето за цртање и сликање при „Бели мугри“.

Настанот го отвори проф. м-р Александра Димитрова која се заблагодари на присуните и порача дека изложбата е подарок за празникот на жената, од учениците на училиштето за цртање со кое таа раководи.

На настанот беа доделени и дипломи за учениците од страна на училиштето за цртање при Центарот за култура.

И.Матеничарски

Фото: А.Арсов

Сподели: