Во „Бели мугри“ концерт на Квартет тромбони на Македонската филхармонија

В петок, 16.10.2020 со почеток од 17:30ч во НУЦК „Бели мугри“ Кочани ќе се одржи концерт на Квартет тромбони на Македонскатa филхармонија.

Составот го сочинуваат Димчо Белчовски, Бранко Илиевски, Никола Ристевски на тромбон и Александар Ниниќ на туба.

На програмата на концертот се предвидени делата G.Gagliardi-Danca Gaucha, G.Gagliardi-Danca Antiga, D.Hadad-T-bone Party, J.Dorsi-Besame Mucho, E.Prisli-Can’t help falling in love, L.Koen-Aleluja, M.Buble-I feel good.

Од НУЦК„Бели мугри“ информираат дека бројот на посетители е ограничен,посетителите потребно е да носат заштитни маски, а на влезот во установата ќе се мери температура и задолжителна дезинфекција на рацете.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial