По повод „Месецот на книгата“ што се одбележува од 15. октомври до 15. ноември ЈОУБ „Искра“ од Кочани реализираше онлајн ликовен конкурс под наслов „Книга наместо технологија“.
Ликовниот конкурс се реализираше преку социјалната мрежа „Фејсбук“, каде учесниците преку користењето на модерната технологија ги споделуваа своите ликовни творби преку опцијата „Стори“.
Целта на конкурсот беше во услови на пандемија кога е ограничено движењето на сите, да го поттикнат читањето кај децата и што помалку да ги користат апаратите на модерната технологија.
На мини свеченост со почитување на сите мерки и протоколи за заштита од КОВИД 19 библиотеката го организираше доделувањето на наградите на најдобрите ликовни творби од ликовниот конкурс.
-Конкурсот на наше задоволство е успешен. Пристигнаа голем број на ликовни творби и во секој од нив може да се види инспирацијата од книгата, односно претставени се омилени ликови, омилено дело, пејсаж, сцена или едноставно книгата како објект. Посебна благодарност до сите учесници и нивните педагози кои придонесоа до успешна реализција на овој проект, истакна Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, билиотекар во „Искра“.
На конкурсот учествуваа осуммина ученици од основните и средни училишта во Кочани поделени во три категории.
Во првата категорија од 6 до 7 одделение: прво место Давид Крстов VII одд. ООУ „Никола Карев“, второ место Мелани Ангелова VII одд. ОУ „Св Кирил и Методиј“, трето место Ведран Солевски VII одд. ОУ „Св.Кирил и Методиј .
Во втората категорија од 8 до 9 одделение: прво место Илија Сандев VIII одд. второ место Ана Серафимова IX одд. и трето место Александра Чолева VIII одд. сите од ОУ „Св. Кирил и Методиј“.
Во третата категорија ученици средношколци: прво место за Ангела Мирова, и второ место Оливер Стефанов од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани
Меѓу другото преку ликовниот конкурс организаторите ја поттикнуваат и ликовната креативност кај учениците , односно преку своите ликовни творби и вештини да ги прикажат впечатоците, инспирирани од содржината на прочитана книга, како омилен лик, омилено дело, сцена или пејсаж од омилената прочитана книга или едноставно книгата како предмет.
Фото: А. Арсов