Во болницата во Кочани хоспитализирани 19 пациенти, пет од нив се на кислородна поддршка

19 пациенти од кои пет со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка и два суспектни на ковид се лекуваат во Општата болница со проширена дејност – Кочани.

На дел од интерното одделение и физикална терапија на располагање се вкупно 40 легла. Во моментот капацитетите во болницата ги задоволуваат потребите за хоспитализација, а најавата дека дел од хируршкото одделение ќе биде пренаменето за пациенти со ковид засега останува резервно решение.

Во кочанската Општа болница  од неодамна на раполагање се и 2.500 брзи тестови за детекција на коронавирус. Со нив се тестираат пациенти закажани преку мој термин, а се користат и интерно за пред операција.

Во кругот на болницата во Кочани напредува изградбата на плтформата на  која ќе се постави модуларна монтажна болница за згрижување на ковид пациенти. Моментално се работи на поставување водоводната инсталација како и на подготовка на просторот.

И. Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial