Граѓаните сопственици на кучиња и мачки имаат можност бесплатно да ги чипираат своите домашни миленици до крајот на декември, во рамки на кампањата на Агенцијата за храна и ветеринарство за масовна идентификација и регистрација на домашни миленици.
Од Ветеринарната клиника „Здравје“ Облешево информираат дека имаат доволен број на чипови за идентификација, а по Нова година апликацијата на чиповите ќе се наплаќа согласно утврден тарифник. Од таму додаваат дека извршената услуга за апликација чини 200 денари,а миленикот потребно е да е вакциниран против беснило и да поседува пасош за домашен миленик.
Агенцијата за храна и ветеринарство и други инспекциски служби по Нова година ќе вршат зајканати контроли и парично ќе ги санкционираат сопствениците кои не го идентификувале својот домашен миленик.
Преку идентификацијата се воспоставува единствен регистер на домашни миленици заради водење евиденција за сопственоста на миленикот, како и начин за соодветна санкција на сопствениците кои ги напуштаат своите миленици.
И.Матеничарски