Во Виница комшиско дерби за второлигашки бодови

Есенскиот дел од шампионатот во Втората Македонска фудбалска лига – Исток влегува во самиот финиш. Преостануваат да се одиграат уште три кола од првенството по што ќе се знае конечниот изглед на табелата во првиот дел од шампионатот.

ГФК „Осогово“  утре  гостува во Виница, на комшиски дерби натпревар за престиж  против екипата на „Слога“. И кочанчани и виничани се надеваат на победа што е добар знак дека во Виница ќе се игра интересен фудбалски натпревар, за жал без присуство на публиката.

Дуелот е закажан со почеток од 13:00 ч. на Градскиот стадион во Виница.

На останатите средби во рамки на 14-тото коло од ВМФЛ – Исток ќе се сретнат:

„Кит Го“ – „Каменица Саса“

„Победа“ – „Кожуф“

„Росоман“ – „Плачковица“

„Брегалница“ – „Тиквеш“

Сподели: