На социјалните мрежи кружат фотографии од десетина отруени кучиња и мачки, на улицата ,,Димитар Герасимовски Дидо“ во Виница.
Утринава граѓаните ги забележале лешевите, а за случајот го информирале и градоначалникот Ивица Димитров.
Во изјава за националните медиуми, градоначалникот Димитров рече дека случајот е пријавен во Полициската станица Виница, а информиран е и комуналниот инспектор од општината. Воедно додаде дека по се изгледа станува збор за бездомни кучиња, но на фотографиите кои се приложени најверојатно има и домашни миленици.
Од полицијата во Виница преземаат мерки за откривање на сторителот на ова нехумано дело.