Во Виница се спроведува дезинфекција на јавните површини

Утринава екипи на ЈКП “Солидарност“ спроведоа дезинфекција на детските реквизити, клупите, патеките во Градскиот парк, како и на локациите кои се збирни места на пензионерите и младите во попладневните и вечерните часови. Се дезинфицираше и Градскиот Стадион, а после секој погреб се дезинфицира и Градската Капела.
Од Јавното претпријатие најавуваат нова помасовна дезинфекција денес во попладневните часови по завршувањето на пазарот.
Сите овие мерки се во насока на превенција од ширење на корона вирусот, а се во согласност со препораките на Владата и насоките од состанокот на Кризниот штаб.

Општина Виница

Сподели: