Во вторник изложба на дела од 26 Меѓународна детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“

Во Салон фоаје 2 на Центарот за култура „Бели мугри“ во вторник на 28.01.2020 година со почеток од 12:00 часот  ќе биде отворена изложбата на дела од 26 Меѓународна детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“.

На ликовната колонија ќе бидат изложени делата на 25-те млади уметници од Скопје,Кочани, Прилеп, Велес, Кратово, Куманово, и Ново Село-Струмица, мотиви кои  ги насликаа за време на младинската колонија што се одржа во јуни минатата година во Кратово.

На делата е прикажана староградската архитектура на градот Кратово, кулите, мостовите и останатите карактеристични градби за овој град.

И.Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial