Во вторник отворање на изложбата на дела од 29. Лесновска ликовна колонија

Во Центарот за култура „Бели Мугри“ во вторник (21 септември) ќе биде отворена изложбата на дела од 29. Лесновска ликовна колонија 2021 год.

На изложбата, со почеток од 12 ч. во Фоајето 1 на „Бели Мугри“ ќе бидат изложени дела на 15 уметници, учесници на овогодинешното издание на ликовната колонија.

„Лесновската Ликовна колонија“  за првпат е организирана во 1992 година по својот квалитет се вбројува меѓу најпрестижните во Република Северна Македонија. Во овие изминати години, стотици врвни уметници од земјава и странство биле дел од овој уметнички настан, давајќи на убавините на лесновскиот крај, вечност во своите дела.Оваа година на колонијата учество зедоа 15 учесници, а колонијата се одржа од 28.06.2021 до 03.07.2021 година.

Проектот ,,Meѓународна Лесновска Ликовна колонија 2021“ е избран на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година, од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот.

Главен покровител на „Лесновската Ликовна колонија“ е општина Пробиштип, а организатор е Дом на културата ,,Злетовски рудар“ од Пробиштип“, истакнаа од НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани.

Сподели: