Во вторник презентација на ИПАРД програмата за рурален развој

Секторот за управување со ИПАРД-фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во вторник на 28 јануари 2020 година, со почеток во 11 ч. во салата на Советот на Општина Кочани организира инфоден за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија за рурален развој – ИПАРД 2014 – 2020.

На средбата ќе се дискутира за ИПАРД-можностите за македонските рурални средини, односно за мерките вклучени во ИПАРД-програмата 2014 – 2020: Мерката 1 која се однесува на примарно земјоделско производство, Мерка 3 – преработка наземјоделски производи и Мерка 7 – диверзификација на фарми и развој набизниси.

Фокусот ќе биде ставен на Мерката 3 – инвестиции во основни средства запреработка и маркетинг на земјоделски и рибнипроизводи, а во зависност од нивниот интересприсутните ќе бидат информирани и за поединечни мерки.

На средбата, исто така ќе биде образложена и постапката пред Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за користење средства од ИПАРД2014 – 2020, за што е распишан јавен повик, а ќе бидат претставени и примери на успешно реализирани проекти од претходни јавни повици.

Сподели: