На магистралниот пат Штип-Кочани се случила сообраќајна несреќа во која едно лице загинало а неколку лица се тешко повредени.
– На 20.07.2022 во 14.45 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Кочани, во близина на с.Долни Балван, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен саксо“, управувано од Г.Т.(67) од с.Тркање, кочанско и патничко возило „сеат толедо“ управувано од А.Д.(35) од Штип, и двете со штипски регистарски ознаки. На местото на несреќата починал Г.Т., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Д., како и сопатничките од неговото возило С.С.(57), Ј.М.(59) и К.А.(42), сите од Штип. Тие биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош. Со телесни повреди се здобила Л.П.(54), констатирани, исто така, во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Штип во присуство на Јавен обвинител – информираат од МВР.