Во Градскиот парк започна празничната програма по повод Нова година и Божиќ

Во Градскиот парк во Кочани попладневно официјално започна празничната програма во пресрет на новогодишните и божиќни празници.

Со настап на бендот „Малинов“ и ДЏ „Ц2“ кочанчани уживаа на првиот ден од новогодишната културно – уметничка програма. Покрај секојдневните музички настапи и Божиќниот базар, ќе биде организиран и дочек на Новата 2024 година со естрадните музички ѕвезди Бојана Скендеровски и Андријана Јаневска.

Празничната културно-забавна програма што ја организира Општина Кочани и кафе бар „Пролет“, го вклучува настапот и на ОМУ „Ристо Јуруков“

– Општина Кочани ги поканува граѓаните на секојдневните организирани музички настапи, топли пијалоци и вкусна храна во празнична атмосфера. Божиќниот базар и културно-забавната програма ќе трае до 14 јануари, а ќе биде организиран и дочек на Новата 2024 година, истакнаа од Општина Кочани.

И. Матеничарски

Сподели: