Во Драчевик завршува уредувањето на земјиштето за новата детска градинка

Активностите за уредување на градежното земјиште за изградба на новата детска градинка се во завршна фаза. Оперативните служни работат на поставување приклучоци за вода, канализација и струја на парцелата во Драчевик. До крајот на месецов изведувачот на работите избран по јавна постапка, ќе биде воведен во работите.

Во изградбата на новата детска градинка во Кочани, Општината учествува со реализацијата на објекти од комунална инфраструктура: јавен пат, водоводна, фекална и атмосферска канализација и друга инсталација со приклучоци до градежната парцела. Изведувањето на  оваа инфраструктура се изврши според Деталниот урбанистички план за Градска четврт 9.

Изградбата на новата детска градинка во населбата Драчевик воКочани е во рамките наПроектот за подобрување насоцијалните услуги кој се реализира одстрана наМинистерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светскабанка, со цел да се зголемат капацитетите за сместување на деца од претшколска возраст.

Новата детска градинка воКочани ќе биде современ, компактен објект, проектиран според најсовремени стандарди –градинка од отворен тип со можност за поширока комуникација меѓу децата и за поттикнување на нивната креативност. Објектот ќе има најсовремена фотокаталитичка фасада која ќе дава ефект на 40 дрвца и ќе го прочистува воздухот во околината на градинката од смог и загадување.

Сподели:
  •  
  •  
  •