Кочанскиот рап артист Мартин Миљев во хип-хоп круговите познат како Martix ја промовираше својата најнова песна, „Минута музика“ како дел од албумот Арсен во чест на хрватскиот композитор Арсен Дедиќ.
Делото е авторски текст на Миљев и композиција на Филип Прокопенко – Fundament.
– Оваа песна е дел од албумот Арсен во чест на Арсен Дедиќ. Албумот е целосно кочански продукт. Јас како артист и Филип Фундамент како продуцент на целот албум. Огромна благодарност до Кацар, Симе Капуера, MC Jan и сите кои учествуваат во видеото, истакна Миљев.
И. Матеничарски