Во завршна фаза е реконструкцијата на спортските терени во СОУ „Љупчо Сантов“

Привршува реконструкцијата на спортските терени во дворот на гимназијата „Љупчо Сантов“ во Кочани.

Изведувачот на работите, фирмата „Панел М“ денеска заврши со поставување на подлогата на игралиштето, а деновиве ќе се изврши поставување на кошевите и исцртување на терените за кошарка и одбојка.

Со реконструкцијата е опфатена вкупна површина од 702 метри квадратни, од кои 182 м2 се за уредување на терен за фитнес на кој ќе се постават осум справи за вежбање.

Во непосредна околина на игралиштето ќе се постават четири клупи, а предвидена е и ревитализација на постојните столбови за осветлување.

Рекунструкцијата и уредувањето на најстарото кошаркарско игралиште во Кочани е во рамки на проектот за Реконструкција на спортските терени и партерно уредување на СОУ „Љупчо Сантов“ за што ќе се потрошат 2.152.654 денари.

И. Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial